Македонија 17. август 2019. / 22:15

Ванковска: Заев сега ќе ги чува спомениците на кои „шарените’ истураа бои

Ванковска: Заев сега ќе ги чува спомениците на кои „шарените’ истураа бои

Владата на Заев сега ќе мора да ги чува спомениците од „Скопје 2014“ и тоа истите на кои „шарените“ истураа бои, коментира на „Фејсбук“ професорката Билјана Ванковска.

-Заев не само што го легализираше Скопје 2014 прогласувајќи ги спомениците за израз на светско културно наследство, туку и ќе ги чува со полиција. Тоа се истите споменици кои беа цел на „шарените”, кои истураа не само бои, туку и „крв” излеана од „режимот”… Она што стварноста може да го сврти, ни најдобар режисер не може да го смисли. Неко то од горе види све, напиша професорката.