Борбата против криминалот, високата корупција мора да продолжи и ние навистина конечно мораме да имаме решение, со кое сите ресурси ќе бидат ставени во функција на вистинска и бескомпроимисна борба против криминалот, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во синоќешното гостување на емисијата „Топ Тема“.
Суштината на целиот проблем зошто ние не стигнуваме до решение сите овие месеци наназад се сведува на една многу проста причина, а тоа е како да не видат светло на денот одредени предмети што ги води СЈО. Тоа е вистината, рече Калеска Ванчева изразувајќи уверување дека ќе се изнајде решение, бидејќи како што посочи голема е потребата за носење на закон за јавно обвинителство, во кој ќе биде вклучено Специјалното јавно обвинителство.
Веќе целата јавност знае кој има сериозен, а кој несериозен пристап за решавањето на прашањето со Специјалното јавно обвинителство, посочи пратеничката Калеска Ванчева, нагласувајќи дека СДСМ како одговорна партија се залага и ќе се залага политиката да не се меша во третата власт, како и за градење систем на независно и неселективно владеење на правото.