Македонија 01. февруари 2019. / 13:13

Вакцините со погрешна декларација не се уништени

Вакцините со погрешна декларација не се уништени

Министерството за внатрешни работи го известила надлежниот јавен обвинител дека во просториите на фирмата „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и оти тие се уште не се уништени.

Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на ‘Македонија лек’, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба, соопшти Обвинителството.