Македонија 22. јули 2019. / 11:47

Вака регионот известува за скандалозната изјава на Заев

Вака регионот известува за скандалозната изјава на Заев

Изјавата на премиерот Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја е топ тема во медиумите во регионот.

Да потсетиме, премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.

Оваа изјава предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите, изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.