Македонија 26. март 2020. / 16:53

Вака Филипче и Владата крадат од набавката на респиратори!

Вака Филипче и Владата крадат од набавката на респиратори!

Фудбалскиот клуб Јувентус со нешто повеќе од половина милион евра купува 150 респиратори за болниците, а Венко Филипче со 1,2 милиони евра купува 50 респиратори за болниците, напиша на неговиот фејсбук, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој пишува дека „ѓаволот одамна ја однесе шегата со „Супер Венко“ и слични глупости и стикери за мачкање очи“… и моли: Да си помогнеме сите колективно.

-Денеска ситуацијата е повеќе и од сериозна со неколку градови-жаришта, над 200 заболени, 3 мртви и луѓе што никој не им оди дома да ги тестира, а бараат помош, пишува Арсовски.