Македонија 14. јуни 2019. / 10:31

В недела ќе се одлучува дали ќе има предвремени избори

В недела ќе се одлучува дали ќе има предвремени избори

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска најави дека во недела во Охрид партиските органи ќе дискутираат за настаната ситуација по средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел

– Во недела Централниот совет ќе одржи состанок во Охрид и ќе дискутира за настанатата ситуација по средбата со канцеларката Меркел. Ние сме кажале дека водиме сметка за општата слика на земјата. Ние имавме можност со претседтателските избори да ги одржиме и парламентарните, но не сакавме да дадеме алиби, велам дека тоа го одложивме затоа што сакавме да видиме што ќе се случи. Во недела во Охрид оваа одлука ќе се расправа од партиските органи. – изјави Шекеринска во емисијата “Патот кон” емитувана во Алсат.