Македонија 01. септември 2018. / 22:47

Утре Заев и Вучиќ ќе се сретнат на граничниот премин Табановце

Утре Заев и Вучиќ ќе се сретнат на граничниот премин Табановце

Утре кај граничниот премин Табановце треба да се сретнат македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Средбата е најавена кога Белград и Приштина го актуелизираат прашањето за границата. Македонија е заинтересирана да нема излевање на било каков конфликт или непријателство:

Утрешната средба Заев-Вучиќ на граничниот премин Табановце-Прешево според најавите се однесува на примена на проектот за заедничко гранично управување – One Stop Shop, но се очекува да се разговара и за посериозни теми.

Заев во ноември беше во официјална посета на Србија и на средба со Вучиќ, кој потоа изјави дека Македонија во Србија има искрен пријател, а целта на Македонија и Србија е мирот и стабилноста на регионот. Вучиќ ја истакнал и поддршката за европските интеграции. Во меѓувреме имаше и дипломатски скандал помеѓу двете влади поради сомнеж за прислушкување.

Белград и Приштина со години се во разговори за наоѓање решение за спорните прашања , а од неодамна се актуелизираше и идејата поддржана од косовскиот престедател Хашим Тачи за таканаречена корекција на граничната линија, односно размена на територии.

Македонија во повеќе наврати нагласи дека сe залага за добри односи со сите соседи, избегнувајќи заземање страна во туѓи билатерални спорови.