Македонија 13. септември 2018. / 15:58

Утре во Охрид средба Димитров-Рот

Утре во Охрид средба Димитров-Рот

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, утре во Охрид ќе има средба со државниот министер за Европа на германското министерство за надворешни работи Михаел Рот.

Двајцата министри ќе имаат разговор на темата „Македонија на патот кон ЕУ“, со фокус на придобивките на земјата од членството во Европската Унија.

За време на престојот во Охрид, Рот ќе ги посети знаменитостите на овој град, а исто така ќе го посети и Националниот Парк Галичица.