Македонија 20. август 2020. / 10:53

Уште на стартот проблеми-Виси денешниот избор на спикерот Талат Џафери?!

Уште на стартот проблеми-Виси денешниот избор на спикерот Талат Џафери?!

Се уште траат консултациите околу одржувањето на денешната собраниска седница на која треба да биде избран старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Одредени собраниски извори го доведуваат во прашање и одржувањето на самата седница, поради незадоволството на скопските претставници на ДУИ од Чаир и Сарај, кои изразија несогласување со изборот на Бујар Османи и Артан Груби на новите владини функции.

Станува збор за двајца пратеници од ДУИ, кои бараат дополнителни разговори со лидерот Али Ахмети пред одржувањето на собраниската седница, а без нивните гласови не може да биде извршен изборот на Талат Џафери.

Се очекува седницата да започне веднаш по завршување на средбата на пратениците со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Ова е само првиот индикатор дека тенкото парламентарно мнозинство ќе има сериозни проблеми во своето функционирање.