Македонија 11. ноември 2020. / 14:34

Уште еден земјотрес од 3,6 степени во гостиварскиот регион

Уште еден земјотрес од 3,6 степени во гостиварскиот регион

Уште еден силен земјотрес со јачина од 3,6 степени регистрираше Европскиот медитерански сеизмилошки центар (ЕМСЦ) во гостиварскиот регион.

Инаку утринава во 04:54 часот беше регистриран првиот и најсилен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, после тоа следеа ушште два други, а третиот се случи предмалку во 13:26 часот.

За сега не се пријавени штети од силниот земјотрес што го стресе подрачјето на Гостивар рано утрово. Епицентарот на земјотресот беше во Леуново, на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

До сега нема пријави за причинети штети. Утрово исконтактирав со локални жители на селото, полицијата како и со одговорните во хотелот Радика, кој е во Леуново и од сите добив информација дека нема последици. Се надеваме да остане така. По силниот земјотрес почувствуваме неколку потреси со послаб интензитет, што е очекувано, рече во телефонски разговор за Gostivarpress.mk , градоначалникот на Маврово и Ростуше Медат Куртовски.