Македонија 05. април 2020. / 18:00

Уште еден кумановец почина од корона вирус

Уште еден кумановец почина од корона вирус

Во болницата „8 Септември“ во Скопје почина едно лице од Куманово кај кое е детектирано како заболено од Ковид-19 на 1 април, што значи дека во последните 24 час имаме двајца починати, затоа што во текот на денот почина и маж од струшко Лабуништа на 63-годишна возраст, кој бил донесен со тешка клиничка слика на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а имал сериозни коморбидитети, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. Меѓу новозаразените е и двегодишно дете кое е во стабилна состојба.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денеска заминуваат тројца пациенти, информираше министерот.

Тој додаде дека речиси 80 отсто од заболените поминуваат со лесна клиничка слика.

Министерот реќе дека од вчера во функција е ставена и болницата „8 Септември“, која е подготвена за дијагностицирање и лекување на забоелни од ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети,што ги нуди болницата. Филипче истакна дека аде ќе бидат сместени заболените, ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.

Како нов регионален центар за справување со пандемијата ја посочи болницата во Битола каде, како што кажа минисерот, во моменотв има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100.

Тој најави дека се во преговори и со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура.