Македонија 03. јуни 2020. / 14:59

Урнати проекциите на Филипче и Спасовски за бројот на заболени од корона вирусот во Македонија

Урнати проекциите на Филипче и Спасовски за бројот на заболени од корона вирусот во Македонија

Вкупниот број заболени во Македонија со корона вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 2.492 лица. Со денешниот број од 101 новозаболени, во црната статистика останува простор за уште осум лица за да се урне психолошката граница од 2.500 заболени.

Со тоа се уриваат и сите проекции, што беа споменувани од почетокот на пандемијата.

На почетокот на кризата, министерот за здравство ја спомена фамозната бројка од очекувани 2.000 заболени. Неколку недели подоцна, техничкиот премиер Оливер Спасовски за првпат ја спомена бројката од 2.500 лица, што може да се очекуваат да бидат заболени.

Тогаш обајцата не ја споменаа основата врз која ги темелат проекциите, иако разликата не беше мала или занемарлива, туку за 1/4.

Развојот на настаните покажува дека без разлика на што ги темелеле своите проекции, тие не биле реални. Напротив, наспроти сите прогнози, бројот на заболени од корона вирусот во Македонија се искачи над сите предвидувања.