Македонија 06. септември 2018. / 15:56

Уписи на факултетите: Само пет матуранти пријавени за студирање македонски јазик

Уписи на факултетите: Само пет матуранти пријавени за студирање македонски јазик

Веќе почнаа уписите на универзитетите низ Македонија, а првите резултати од уписниот рок делуваат загрижувачки.

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења и умеења), се запишале само пет матурантки во првиот уписен рок. Додека пак на насоката Македонска книжевност и јужнословенски книжевност, се запишале 12 матуранти.