Македонија 19. јануари 2021. / 16:15

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ја осуди изјавата на Шахпаска за молзењето крави

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ја осуди изјавата на Шахпаска за молзењето крави

Јагода Шахпаска ги навреди жените. Јагода Шахпаска по примерот на Заев, дополнително и како жена, наместо да се грижи за положбата на жената во општеството таа создава стереотипи, реагираат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Шахпаска смета дека улогата на жените е да молзат крави.

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза на Шахпаска, тоа е речник кој не одговара функционер кој треба да биде пример за однесување, и кој со своето делување треба да создава простор за целосно почитување и еманципација на жената.

Се додека СДСМ не почне на дело да практикува почитување на жената, а сето тоа е сведено само на празни флоскули се дотогаш ќе имаме потценување на жената, што е неприфатливо“, се наведува во нивното соопштение.

Јагода Шахпаска ги навреди жените. Јагода Шахпаска по примерот на Заев, дополнително и како жена, наместо да се грижи за…

Posted by Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ on Вторник, 19 јануари 2021