Унијата на средношколци се сретна со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да дискутираат околу барањата на матурантите. Бленди Ходаи, претседател на Унијата, вели дека нивните барања се легитимни и дека се поддржани од мнозинството средношколци.
– Бараме поддршка од нивна страна како народни избраници, јавно да ги поддржат нашите барања и истовремено да организираат јавна дебата во Собрание со цел сите да ги слушнат нашите барања, поради одбивањето од страна на министерката за образование кое го добиваме секојдневно, истакна Бленди Ходаи.
Нивното барање е полагањето на државна матура да се состои од само 2 предмета. Првиот да биде мајчин јазик, вториот предмет – изборен, како и проектна задача.
Игор Здравковски, пратеник на ВМРО-ДПММЕ и член на Комисијата за образование и наука, рече дека матурантите ќе ја добијат нивната целосна поддршка.
В четврток, Сојузот на средношколци испрати писмо до сите пратеници во Собрание, а Ходаи потврди дека досега на поддршка за нивните барања наишле од Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива. Истото го очекуваат од сите пратеници на власта.
– Станува збор за барања кои не припаѓаат на ниту една страна. Ова се легитимни барања на учениците и во никој случај не се партизирани или политизирани, посочи Бленди Ходаи.
Тој додава дека 68% од матурантите вчера ја бојкотираа наставата.