Македонија 03. април 2019. / 11:16

Унгарски полицајци ќе ја чуваат границата на Република Македонија

Унгарски полицајци ќе ја чуваат границата на Република Македонија

„Унгарската полиција продолжува да соработува со локалните сили за заштита на границите меѓу Србија и Северна Македонија, како и Северна Македонија и Грција“, соопшти унгарското МВР.

Како што се наведува во соопштението, мерката се презема поради спречување на илегални премини во Србија и Северна Македонија и апсења на трговци со луѓе.

Унгарските власти соопштија дека 15 полицајци ќе бидат распоредени како испомош на границата меѓу Србија и Северна Македонија, а 30 на границата меѓу Северна Македонија и Грција.

Полициските единици ќе бидат опремени со возила, кои ќе можат да се движат надвор од автопатиштата, со уреди за ноќно набљудување и со термални камери.