По изјавата на премиерот Зоран Заев дека согласно Договорот од Пржино тој ќе се повлече од функцијата на 3 јануари во јавноста почна да се калкулира дека негов заменик ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Сепак партиски извори за ТВ21 велат дека најверојатно за технички премиер ќе биде назначен генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Спасовски, според изворите на ТВ21 е потребно да остане во министерството како дополнителен заменик министер, како и министерката за труд и социјала Мила Царовска.
Од СДСМ велат дека одлука ќе биде донесена на седница на Централниот одбор на партијата.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.