Од 10:15 часот на патниот правец Прилеп-Градско, поради јавен собир во близина на с. Плетвар, сообраќајот е во прекин во двата правци, информираат од АМСМ.
Денеска продолжува блокадата на тутунопроизводителите, на патот Прилеп – Градско пред превојот Плетвар.
Од иницијативниот одбор за протести синоќа одлучија наместо од 10 до 12 часот како што вообичаено беа блокадите, денеска блокадата да биде од 10 часот наутро па до 16 часот попладне.
Порачаа дека доколку не се укине четвртата класа на тутун и цената на тутунот не достигне 200 денари по килограм, тогаш блокадите ќе продолжат.