Македонија 25. јануари 2019. / 15:02

Туск: Зоран, Алексис, браво! Невозможната мисија се исполни

Туск: Зоран, Алексис, браво! Невозможната мисија се исполни

„Тие имаа имагинација,  тие го презедоа ризикот, тие беа подготвени да ги жртвуваат сопствените интереси за општото добро. Зоран, Алексис – Браво! Невозможната мисија се исполни“, напиша на Твитер по денешното гласање во грчкиот парламент Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, кој го поздрави заокружувањето на Договорот од Преспа.