Македонија 03. октомври 2018. / 13:45

Турско МНР: Турција ја признава Република Македонија под уставно име и го поддржува нејзиниот просперитет и безбедност

Турско МНР: Турција ја признава Република Македонија под уставно име и го поддржува нејзиниот просперитет и безбедност

Турција ќе продолжи да го поддржува просперитетот и безбедноста на пријателска Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО, соопшти денеска турското Министерство за надворшени работи.

– Турција ја признава Република Македонија под уставното име уште од нејзиното осамостојување. Како и досега ќе продолжиме да ја поддржуваме пријателска Македонија, нејзиниот просперитет и безбедност, како и нејзиното зачленување  во ЕУ и НАТО, се наведува во реакцијата на официјална Анкара по неделниот референдум во Македонија.