Турција ќе депортира околу 600 нелегални авганистански мигранти назад во Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.
Досега е завршена процедура за депортирање на 591 мигрант од источната турска провинција Ерзурум. Тие ќе бидат испратени во Кабул денеска и утре.
По завршување на процедурата за депортација нелегални мигранти од други провинции, депортацијата ќе се забрза и продолжува во следните денови, се вели во соопштение од Министерството.