Тројца тиквешани со Ковид-19 се на лекување на Инфективно одделение во Велес, четири случаи се потврдени во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Двајца од заболените во болница се сопружници од Кавадарци, на возраст од 72 и 68 години. Хоспитализирана е и 55 годишна жена од Неготино, појасни докторот.
Позитивно на вирусот е и 21 годишно лице од Росоман. Сите биле со симптоми, никој не знаел каде се заразил. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.