Македонија 15. јануари 2020. / 19:25

Трипуновски оствари средби со земјоделците од скопско

Трипуновски оствари средби со земјоделците од скопско

Дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски се сретнал со земјоделци во неколку скопски села.

Имав средба во село Стајковци со земјоделците од Стајковци, Црешево, Брњарци, Страчинци, Смилковци, Виниче, Сингилиќ и Арачиново.

Земјоделците од овој регион се соочија со штети во од 2016 година и 2018 година каде што се направени проценки на штетите кои се поминати на советотите во општина Гази Баба и општина Арачиново и истите се доставени до Владата, но веќе 3 години се уште нема одговор. И тука наидовме на истото прашање за неисплатените субвенции, мерката млад земјоделец, практично она што го слушам во другите региони го слушнав и тука.

Ветувам дека во наредниов период ќе се потрудам да дознаам каде е закочена работата во институциите, а после 12 април ќе работиме исклучливо за доброто на земјоделците!, објави на Фејсбук, дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.