ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за доцнењето на платите во АД Водостопанство.
Цветан Трипуновски во изјава пред Владата рече дека претпријатието не може да подели плата веќе два месеци, а власта молчи и истовремено троши државни пари на скапи коктели.
– Прашуваме, како се чувствувате господине Заев? Кога заедно со Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб, а вие пиете скапи вина и се луксузирате. Зарем не е срамота и нехумано? Прашуваме, наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата. Дали ова е новата мерка која што ја воведува СДСМ? Прашуваме, дали е потребно некој да се разболи, и да не може да си го покрие лекувањето за да пуштите плата? Прашуваме, дали е потребно на некој да му биде запленета куќата поради неможноста да си ја плати кредитот за да вие пуштите плата? Што треба да се случи господине Заев, за 500 вработени во АД Водостопанство да си ја земат чесно и поштено заработената плата? – рече Трипуновски.
За ова нечовечко однесување некој мора да сноси одговорност – додаде тој.