Македонија 01. март 2019. / 17:38

„Треската“ на непотизмот ја зафати и Битола: Деца и роднини на функционери се вработија во државно

„Треската“ на непотизмот ја зафати и Битола: Деца и роднини на функционери се вработија во државно

Непотизмот на власта се прошири во Битола. Блиски роднини и деца на функционери на СДСМ се вработиле во државните институции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека директорката на студентскиот дом во Битола, Соња Карапец си ја вработила ќерката во битолскио суд.  Заменик градоначалникот и член на Советот на Општина Битола, Емилија Костурски го врати својот сопруг во Општина Битола. А, претседателот на Советот, Валентин го вработи својот братучед во Општина Битола.

– Иако веќе година дена јавно ги критикуваме и именуваме имињата на функционерите и нивните блиски, сепак тие не се засрамија, туку напротив по истиот пример продолжија и останатите. Директорката на студентскиот дом во Битола, Соња Карапец ја вработи својата ќерка во судот во Општина Битола. Заменик градоначалникот и член на Советот на Општина Битола, Емилија Костурски го врати својот сопруг во Општина Битола. А, претседателот на Советот, Валентин го вработи својот братучед во Општина Битола. Радмила Бајоска главна сестра во Клиничка Болница Битола, ја вработи својата ќерка во Клиничка Болница, а својот сопруг во РЕК Битола. Ова се само дел од вработувањата во СДСМ во последните неколку месеци, очигледно наместо живот за сите, се грижат единствено за живот за нивните најблиски и прогон на нивните неистомисленици. – додаде тој.