Македонија 27. ноември 2019. / 15:21

Трамп му порача на Сенатот дека влезот на Македонија во НАТО нема да го оптовари воениот буџет на САД

Трамп му порача на Сенатот дека влезот на Македонија во НАТО нема да го оптовари воениот буџет на САД

Американскиот претседател Донлад Трамп испратил писмо до претседателот на Сенатот во врска со зачленувањето на Македонија во НАТО.

Во писмото се вели дека влезот на нашата земја во НАТО нема да има ефект на зголемување на процентот на уделот на САД во општиот буџет на НАТО.

– Вклучувањето на Северна Македонија во НАТО не ја намалува способноста на САД да ги исполнат нивните воени обврски надвор од Северноатлантскиот регион – истакнува Трамп во писмото.