Македонија 28. јануари 2019. / 14:19

Тодор Петров НЕ ја повлече иницијативата за референдум за уставното име

Тодор Петров НЕ ја повлече иницијативата за референдум за уставното име

Тодор Петров не ја повлече иницијативата за одржување на референдум за уставното име на државата, велат од движењето Бојкотирам.

Во јавноста денеска се прошири лажна вест дека наводно претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров ја повлече иницијативата за собирање на 150.000 потписи за нов референдум за името.

Инаку откако Собранието ги изгласа уставните измени, со цел промена на уставното име, Петров поднесе иницијатива за собирање на потписи за нов референдум, на цела територија со прашањето „Дали сте за промена на името на државата Македонија во Северна Македонија?“