Македонија 26. септември 2019. / 11:35

„Титаник“: Шест адвокати добија казна од по 1000 евра поради доцнење

„Титаник“: Шест адвокати добија казна од по 1000 евра поради доцнење

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ судијата Осман Шабани казни 6 адвокати од одбраната на обвинетите, меѓу кои Еленко Миланов, Димитар Дангов, Петар Василевски, Сања Алексиќ и други, со по 1.000 евра или 60 илјади денари, поради доцнење на денешната расправа, пишува Курир.

Адвокатот Дончо Наков побара од судијата да има разбирање за нивното отсуство, бидејќи рочиштата на СЈО се закажани многу густо, а тие имаат и други рочишта на кои треба да присуствуваат и побара од судот можност за ополномоштување на други адвокати за да се избегнуваат вакви драконски казни.

Судијата Шабани нареди да се заклучи вратата и и се закани на судската полиција дека доколку пуштат некој од отсутните адвокати, ќе си имаат работа со него.