Македонија 07. јули 2019. / 17:10

Тимоние: Поради „бомбите“ за Рашковски може да го изгубите датумот за ЕУ!

Тимоние: Поради „бомбите“ за Рашковски може да го изгубите датумот за ЕУ!

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, во интервју за Радио Слободна Еворпа, вели дека скандалот со „бомбите“ за ген-секот Драги Рашковски го нарушува угледот на државата пред потенцијалните инвеститори.

Според Тимоние, кога станува збор за тендери неопходна е транспарентност, но обајвувањето на „бомби“ како регулатор на политичкиот систем, отвора голем број на прашања.
Амбасадорот на Франција истакна дека со датум за почеток на преговорите тоа не може да се промени, па затоа очекуваат докази.

– Во однос на генералниот секретар ќе кажам дека е неопходна транспарентност во економскиот живот, особено кога станува збор за тендери, ќе треба јас потоа да го поттикнам интересот на француски претпријатија да бидат присутни овде.

Но, сигурно дека тој начин на функционирање преку објавување на „бомби“, преку прислушувани разговори како регулатор на политичкиот систем, поставува голем број на прашања, во врска со компатибилноста со европскиот систем, и затоа јас велам дека едноставно да се даде датум за почеток на преговори не мислам дека може да го промени сето ова. Затоа ние тука очекуваме докази, затоа што станува збор за целокупното општество, политичкото, но и целото општество кое треба да се најде во таа динамика. – вели Тимоние.