Македонија 26. јуни 2019. / 14:18

Tевдовски не поднесол оставка

Tевдовски не поднесол оставка

На почетокот на собраниската седница за владината реконструкција, претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита министрите кои си поднеле оставка. Меѓу нив го немаше министерот за финансии Драган Тевдовски, пишува SDK.

Премиерот Зоран Заев подоцна ги предложи за разрешување Драган Тевдовски, Хазби Лика и Сухеил Фазлиу. Заев кажа дека согласно Уставот и Законот за влада, ќе раководи со Министерството за финансии до избор на нов министер.

Собранието констатираше дека на министрите за култура, за земјоделство, за животна средина и министерот без ресор Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураки и Зоран Шапуриќ им престана мандатот, бидејќи тие претходно поднеле оставки.

За разлика од тие кои поднеле оставка, за Тевдовски, Лика и Фазлиу собранискиот Деловник овозможува расправа. НДП се налути што им го зема Заев ресорот локална самоуправа и го дава на ЛДП, со предлог да го води Горан Милевски.