Македонија 03. септември 2018. / 20:27

Теута Арифи ја назначила својата сестра за заменик директорка на училиште

Теута Арифи ја назначила својата сестра за заменик директорка на училиште

Градоначалничката на општина Тетово, си ја именувала својата сестра за заменик директор на основно училиште, објави порталот на албански јазик InfoShqip.com.

Во некои училишта во градот Тетово деновиве имаше промени на раководните функции

Во основното училиште „Истикбал” во Тетово, градоначалничката си ја именувала нејзината сестра, Кујтиме Беќири за заменик директор.

Пред неколку години, Теута Арифи од позицијата директор на средното медицинско училиште „Никола Штејн” ја отпушти сопругата на Хазби Лика, бидејќи тоа за неа беше непотизам, а денес таа ја назначи својата сестра на позицијата заменик директор.

Сигурни извори за „Инфошкип” велат дека Кујтим Беќири, пред една година почнала со работа во ова училиште како библиотекарка.