Аднан Мемед, учесникот во насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година, е главен лобист за Ромите да излезат на референдум.
Мемед беше учесник во настаните на 27 април, кога група луѓе влегоа во Собранието со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија.
Тој сега заедно со претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, јавно ги повикуваат Ромите да излезат и да гласаат ЗА на претстојниот референдум.
Мемед учествуваше на прес-конференцијата на Амди Бајрам, каде јавно го соопштува ставот на партијата за излез на референдумот.
Иако Мемед јавно демантираше дека тој бил во Собранието за да го спаси Бајран, а не да тепа пратеници.
Јавното обвинителство по случувањата на 27 април поднесе обвинение против десетици лица кои се теретат за тероризам и за загрозување на уставниот поредок.