Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш објави видео во кое го навредува Демо Исмаил кој го тужеше поради физички напад за време на одржувањето на ромски бал. Дудуш само пред два дена во судница призна дека го нападнал Демир Исмаил и рече дека жали за стореното и се извлече со опомена.
Тој синоќа се вклучи во живо на мрежата фејсбук и зборуваше за хуманитарните акции кои тој како градоначалник ги спровел порачувајќи му на Демо „да не глуми голем хуманитарец бидејќи кога доаѓал во Шутка молчел.
– Дури бил задоволен од пресудата. Големиот маж Демо не е маж, за мене тој е жена, вели Дудуш.