Филипче имаше катастрофа прес!, напиша актерот и поранешен прв човек на Драмски театар, Сашо Тасевски на Фејсбук.
Според него: Овие што отидоа од Скопје, добро, само маски да носат, а нас што во Скопје не затвори ко глувци, така процениле дека треба.
Така а? Се правиме многу паметни.Оставка бе момче. Оставка. Затоа што покажа дека повеќе немаш контрола на ништо. Доста попување дека народот е виновен, а сите вие кои до вчера се лупавте во гради, сте светци, напиша Тасевски.