Македонија 29. јануари 2021. / 10:24

Тасева од Транспаренси Интернешнл Македонија: Од власта ниту еднаш не сме повикани за да дискутираме да се подобри индексот на перцепција

Тасева од Транспаренси Интернешнл Македонија: Од власта ниту еднаш не сме повикани за да дискутираме да се подобри индексот на перцепција

Слаѓана Тасева, од Транспаренси Интернешнл-Македонија во своето гостување во радио Лидер зборуваше лошиот индекс на перцепција и посочи дека тие како претставници на Транспаренси Интернешнл Македонија ниту еднаш не биле повикани од владата за оваа проблематика да се подобри.

-Еве ќе зборувам за последните 4 години кога имаме постојано лоши резултати, цело време имаме 35 индекси поени што не е добро. Ниту еднаш никој од владата не не повика нас од Транспаренси да објасниме како се формира индексот, како може да се одработи, што е тоа што треба се подобри, за да се подобри индексот за перцепција. Повеќе се подготвени вака да ги прифаќаат резултатите отколку да се соочат со реалноста и да кажат добро што е она што треба да се менува. Многу сериозен индикатор е дека тука се покажа незадоволството од работата на судството, ние повторно имаме намалување во индексот за владеење на право и правда, намалено за два целосни индексни поени и очигледно е дека реформата во судството не се одвива како што треба или не се одвива воопшто и дека тука треба сериозно да се направи исчекор, рече Тасева.

Таа понатаму зборуваше и за проблемите во економијата во државата односно за проблемот со странските инвестиции.

Исто така имаме проблеми со економијата, што е она што е проблем за странските инвеститори кои имаат работа со нашата државата или сакаат да имаат работа со нашата држава за да не можат овде да востановат стабилен бизнис, кои се проблемите на инвеститорите, со какви проблеми се соочуваат. Фактот дека се случува во владата исто така не е добар, не сакаат странските компании договорите да ви склучуваат во влада, нивните договори треба да се склучат таму каде што се одвива економската активност, додаде таа.