Македонија 16. јануари 2020. / 22:46

Таравари: Владата на СДСМ освен што го смени името, друго ништо не направи

Таравари: Владата на СДСМ освен што го смени името, друго ништо не направи

За Преспанскиот договор работевте, ама требаше да се тераат и други работи. Кажете ми една изградена болница, кажете ми една инвестиција во едно училиште има само едно во Скопје, јас барав, не дозволи министерството и најдовме од донации, рече Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на дебатата на телевизија 24.

Според него, нема ниту една инвестиција во опозициска општина.

Во Гостивар не доаѓа никој од Владата. На општината каде сум градоначалник на пример, Гостивар, на владата и текнуваше само кога земаше ингеренции, посочи Таравари.

Говорејќи за претстојните избори и евентуални коалиции, Таравари рече: „Ние не избираме коалициски партнер кој ќе победи со тој ќе разговараме, се разбира треба да се погодиме и по програма“.