Македонија 31. октомври 2018. / 11:51

Таравари: Сите бивши функционери на ДУИ сега се судии

Таравари: Сите бивши функционери на ДУИ сега се судии

Таравари појасни дека владата оптимистички кажува дека во јуни ќе започнат,  меѓутоа како течат работите во Македонија немаме никакви реформи во ниеден сегмент на живеењето.

-По тоа како течат работите посебно во правниот систем, јас сум скептик, би сакал да почнат утре преговорите со ЕУ, но меѓутоа знаете како стојат работите. Повторно има одредени забелешки пред се за правниот систем во Македонија. И потоа повторно ќе се разгледа дали ќе започнат преговорите, посочи Таравари при гостување во дебатната емисија на 1ТВ.

-Треба да има знаци за подготвеност за реформи. Сите министри на ДУИ сега се судии. Судија Јакупи кој што беше во ДИК како претставник од ДУИ, денеска станал судија, тоа е скандал. Сите бивши функционери на ДУИ сега се судии. Ние сме под партиска окупација на судството, потенцира Таравари.