Македонија 14. јануари 2020. / 10:24

Таравари: Не исклучуваме соработка со која било партија од македонскиот блок

Таравари: Не исклучуваме соработка со која било партија од македонскиот блок

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава објавена во последниот број на неделникот Фокус, изјави дека не може со сигурност да се прогнозира развојот на случувањата на изборите. Како што вели Таравари, јасно е дека во македонскиот блок ќе има неизвесна политичка битка, додека за албанскиот блок тој очекува пораз на владејачката ДУИ.

– Се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ. Па, како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање – вели Таравари.

Тој додава дека преговараат со БЕСА и Алтернатива за предизборна коалиција, воедно истакнувајќи дека потребите и расположението на гласачите упатуваат на тоа дека Алијансата ќе биде дел од коалицијата која што ќе ја победи ДУИ.

Формирањето на Влада зависи од две работи, од бројките и од компатибилноста во програмите. Апсолутно не исклучуваме можна соработка со некоја од двете поголеми партии во македонскиот политички блок доколку се исполнат овие услови. Посакуван партнер гледаме во тој којшто ќе покаже дека иднината на оваа држава му е многу поважна отколку битката за да се застане на тронот – посочува Таравари.