Македонија 16. август 2020. / 19:55

Таравари: Ќе поддржиме премиер Албанец само ако има мандат од четири години

Таравари: Ќе поддржиме премиер Албанец само ако има мандат од четири години

Арбен Таравари од коалицијата Алијанса/ Алтернатива во интервју за Тв21 вели дека ќе поддржат премиер Албанец само ако има четири години мандат.

Сите овие разговори кои траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави Арбен Таравари за ТВ21 од коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е затоа што, како што вели, СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари.

Потсетува дека ако ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12-те пратеници на коалицијата Алијанса/Алтернатива, но само доколку како што вели тој премиер има четиригодишен мандат, но не и за друг партиски пазар.