Македонија 08. август 2020. / 21:19

Таравари: Би прифатиле Влада со ДУИ, само ако Насер Зибери е премиер

Таравари: Би прифатиле Влада со ДУИ, само ако Насер Зибери е премиер

Алијансата за Албанците би прифатила да биде дел од новата Влада заедно со Демократската унија за интеграција (ДУИ), само доколку мандатар биде Насер Зибери, во сите други случаи се за ДУИ да отиде во опозиција, вели за Телма генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, истакна Таравари.