Македонија 30. октомври 2019. / 22:03

Таравари: Адеми, Османи и Бектеши се продавачи на магла

Таравари: Адеми, Османи и Бектеши се продавачи на магла

Арбен Таравари за време на гостувањето во емисијата #10МИНУТИ на ТВ21 рече дека однесувањето на ДУИ е некоректно.

На прашање дека Арбр Адеми, му ги зема надлежностите во образование, дали мисли дека овие расправии меѓу министрите ќе бидат на штета на граѓаните, Таравари рече , апсолутно не.

Апсолутно не. Ова е политичка трка. Иако нивното однесување е некоректно и нечовечно. Знаете дека министрите на ДУИ, набројувајќи три или четири имиња, едно или две се различни, другите се по ист модел. Ист модел на луѓе кои зборуваат 30 минути и на крај доколку им кажете да ви кажат од тие 30 минути еден заклучок, ниеден нема заклучок. Тие се продавачи на магла, таков е Арбр Адеми, Бујар Османи и Бектеши. Тие се копираат еден со друг, не се знае кој е оригиналот а кој копијата, рече Таравари на гостуваењето во #10МИНУТИ.

Додека пак на прашањето дали почнале преговори со албанскиот опозициски блок, со Беса, Таравари рече дека на 12 април може и да ја победат ДУИ.

Преговори имало постојано, здравје, мислам дека на 12 април со неколку партии ќе бидеме и ќе ја победиме ДУИ и следната влада ќе биде од Алијанса. Со партиите кои ќе ни се придружат во опозицискиот фронт без оглед кој ќе биде таму, јас мислам дека сме многу блиску до наоѓање решение за поширока коалиција, рече Таравари.