Македонија 25. септември 2018. / 22:35

Талат Џафери: Доколку нема цензус, ќе одлучува Собранието

Талат Џафери: Доколку нема цензус, ќе одлучува Собранието

Не е случајно што Собранието е организатор на референдумот, вели претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери во вечерашното гостување на ТВ 21.

Тој најави дека одговорност ќе сноси Собранието и доколку не се постигне цензус.

-Доколку нема цензус, не е крајот на светот за државните институции. Државните институции функционираат врз основа на избори и тие се менуваат преку избори. Значи, Парламентот е носител на тој процес, изјави Џафери.