Првиот човек на МАНУ, Академик Таки Фити, денеска истакна дека македонскиот јазик мора да се евидентира исто како што е запишан во Обединетите нации – Macedonian.
Таки Фити го истакна ова додека говореше за прашањето околу спорот за нашето уставно име.
-Не можеме ние да прифатиме и тоа е став на МАНУ, кога се зборува за јазикот на земјата да се пишува на латиница и да се изговара онака како што ние го изговараме – македонски. Тој мора во Обединетите Нации да биде формулиран како – „Macedonian language“. Тоа е став што навлегува во суштинските идентитетски прашања и тука нашите сугестии до Владата се апсолутно јасни и цврсти, рече Академик Таки Фити.