Македонија 04. октомври 2019. / 10:15

Тачи се сретнал со Заев: Почнаа разговори за предвремени избори?

Тачи се сретнал со Заев: Почнаа разговори за предвремени избори?

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, се сретнал со премиерот Зоран Заев. Како што дознава „Тетова Сот“, на средбата се разговарало за актуелната состојба во земјата, како што е добивање датум за преговори на земјата во ЕУ, предвремени избори и многу други прашања.

По преземањето на мандатот на премиерот Заев, имаше многу средби меѓу Тачи и Заев, при што Тачи ја поддржа владата во многу области како што се промена на името, гласањето за двојазичност и многу други прашања во интерес на државата и Албанците.

Со слоганите „На прав пат“ и „Обнова на Македонија“, двата субјекти од македонскиот политички блок започнаа кампања за ревизија и составување на нови изборни програми.