Македонија 12. јуни 2020. / 14:17

Тачи: Ахмети е во „мртов агол“, идејата за премиер Албанец е тешка манипулација

Тачи: Ахмети е во „мртов агол“, идејата за премиер Албанец е тешка манипулација

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, идеата за премиер Албанец на Али Ахмети ја нарече тешка манипулација, потенцирајќи дека лидерот на ДУИ тоа го прави, бидејќи се наоѓа во позиција на „мртов агол“, јавува МИА.

-Тешка манипулација со емициите на луѓето, со емициите на Албанците. Имаше 18 пратеници, беше 10 години на власт со Груевски и ние немавме такви идеи и барања. Дволично купување на политички поени за НАТО и Преспанскиот договор, бидејќи да имаше јасни определени, тоа ќе го направеа 2003, 2008. Мислам дека на Ахмети му е јасно дека се наоѓа во „мртов агол“ и не може од тука да избега и сега како што пред 19 години им рече на Албанците дека ги ослободил и од тоа условно ослободување ние имавме неколку стотици мртви, неколку илјади куќи урнати и милијарди евра и долари штета во економијата. Уште еднаш мисли дека така ќе успее да собере гласови на Албанците,  рече Тачи.

ДПА со години има идеа за заменик премиер Албанец, што според Тачи е етички, правно и политички коректно, наместо предлогот на Ахмети.

-Во склоп на ова мислам дека е неблагодарно да се полемизира со Ахмети и затоа што тој не ги разбира овие работи. Неговите советници му укажале дека ова може да биде единствената идеа што може да му ги врати гласовите. Се прави споредба со нашата идеа, претседателот на ДПА да биде заменик премиер или неточното пренесување на кампањата од 2014 кога ние тогаш исто имавме ваква идеа, оти јас сум рекол во кампањата дека јас ќе бидам премиер на Македонија. Не е точно. Јас сум рекол дека јас претендирам на функцијата заменик премиер на Македонија, фигуративно јас ќе бидам премиерот на Албанците со еден политички концепт, кој значи консензуална демократија и со внатрешни правни механизми да се сопре дискриминацијата економска на Албанците. Тоа се две различни работи. Таа идеа на Ахмети не е никаква идеа. Мислам дека без политички концепт на таа идеа тоа претставува имитација на поранешната Југославија. Ние имавме и претседател на Претседателство на Југославија, Албанец, но политичкиот концепт не му даваше никаква таква политичка моќ, рече Тачи.

Тој смета дека победникот на изборите ќе создаде влада како премиер и дека политичките партии на Албанците, кои можат да имаат лимит на пратеници од 13 до 20 и нешто, нема да можат. Го повтори ставот дека 5 јули е датумот кога треба да има избори со оглед ека состојбата со Ковид-19 ќе трае со месеци и затоа е потребна политичка влада.