Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека СЗО најавува „втор бран“ на коронавирусот во август и во септември, но Светската здравствена организација всушност предувпредува на „втор бран“ ако земјите се одлучат за пребрзо укинување на мерките
Светската здравствена организација предупредува дека земјите сè уште би можеле да се соочат со „непосреден втор бран“ ако пребрзуваат со укинувањето на мерките против пандемијата со Ковид-19.
Повеќе од 5,5 милиони потврдени случаи на коронавирус и 346,000 смртни случаи се регистрирани ширум светот.
Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да каже каде точно организацијата најавила втор бран во август.
Граѓаните се веќе, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, навикнати на неговите лаги посебно кога станува збор за негови лични ветувања или објаснувања, но овој пат оди до таму да почнува да лаже што некој друг рекол, а всушност тоа никогаш не си го рекол.