Македонија 20. декември 2018. / 11:26

Свиркачите на Верушевски вратени на работа во УБК

Свиркачите на Верушевски вратени на работа во УБК

На својот Фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.

И двајцата имаа клучна улога во промената на власта во Македонија. Преку нив беше обелодената аферата за масовното прислушување што незаконски го правела Управата за безбедност и контраразузнавање, на чело со Сашо Мијалков, каде беа вработени пред да бидат обвинети во предметот „Пуч“.

-За професионалците секогаш ќе има место во МВР, напиша Спасовски.