Македонија 01. октомври 2018. / 11:21

Светските медиуми пренесуваат дека референдумот не успеа

Светските медиуми пренесуваат дека референдумот не успеа

Референдумот за името во Македонија не успеа да го постигне потребниот цензус, доминира на насловните страници на светските медиуми.

По вчерашниот референдум, според резултатите, очигледно не се постигна основниот услов, да гласаат повеќе од половина избирачи запишани во избирачкиот список. Според последните информации од ДИК, излезноста е само 36,87% од вкупно 1,8 милион избирачи.

Светските медиуми пренесуваат за неуспешноста на референдумот:

Референдумот за промена на името на Македонија не успеа да го обезбеди потребниот цензус од 50 проценти, за гласањето да биде валидно, истакна шефот на изборната комисија, пренесе Ројтерс.

 

Референдум во Македонија: Гласот за промена на името не го постигна цензусот, објави ББС.

Зоран Заев го поздрави референдумскиот резултат и покрај слабиот одѕив на гласачите, напиша Дојче Веле.