Сведоштво на Дарко Ѓорѓиев, како во 22:30 часот кога се било мирно, откако полицијата ги разби протестите со шок бомби и солзавец, како група од 30-тина граѓани спокојно стоеле во групи од по еден до двајца им дошла полицијата од зад грб и сите ги уапсила. Ова потресно сведоштво на Дарко Ѓорѓиев ви го пренесуваме во целост.
Уапсени беа луѓе кои полицијата беше во состојба да ги уапси со цел – исполнување на неопходната квота за да може да се објави што поголема бројка на „хулигани“ како би се употребила во безочна пропаганда
После 24 час и 30 минути, ослободени сме од нештото насловено како „лишување од слобода“
Лишени од слобода беа 30-тина граѓани кои беа на потегот меѓу полицискиот кордон на крстосницата кај собранието и градската болница и бутките кај зелен пазар.
На тој огромен потег беа расштркани по – еден до двајца луѓе кои спокојно стоеја искажувајќи го незадоволството од разнебитувачките потези на оваа мизерна власт – преку своето присуство. Јас би рекол 30 души.
Немаше дури ни скандирање, се слушаше само продолжениот говор на момчето со Македонска маичка кое коленичи пред кордонот и им го објаснува на полицајците своето гледиште зошто оваа власт ја уништува земјата.
Додека го гледав во својот телефон наеднаш слушнав викања и шум на толпа која трча.
Кога ко кренав погледот видов дека наидуваат полицајци од сите страни, пред се одзади, кои дошле со заобиколување на градската болница и зелениот пазар. Беа сигурно преку 100. Беа уапсени сите кои се најдоа на потегот крсосница-бутки, неселективно.
Тука беше и Матеј, момчето кое коленичење пред кордонот, кон кого се однесуваа со осебена крутост и вербална агресија и навреди.
Тука беше чичко Љупчо пензионер на свои 70 години, кого го разраниле на колената и лактот, му го нагмечиле колкот, и задобил удар по главата,
Тука беше вториот наш пензионер, Чичко Иван на свои 65 години.
Тука Беше Александар, момче од осумаесет години. кој не бил на протестот, гледал натпревар кај другарче, и после тоа сакал да кршне да си купи нешто од Рамстор пред да појде дома. Дијабетичар, кој доби нешто налик на инсулински шок во станицата од стрес, па мораше да доаѓа брза помош за да интервенира.
Тука беше репортер на некоја телевизија кој имаше огромна картичка на градите „РЕПОРТЕР“
Тука беше Зоран кој добил удар во лицето, и беше сиот со подливи околу носот и очите.
Тука беше Ѓоко, пекар кој си донел јакна ако заврне која со маскирна боја за што особено му се дереа.
Тука беа граѓани кои им се нашле при рака на полицијата, лесни за апсење, за да можат изродите на отуѓената власт да создаваат представа дека уапсиле голем број на хулигани.
ДОЛНИ МИЗЕРНИ ИЗРОДИ
Во полициската станиза во Автокоманда бевме сместени во собата со штафчиња на полицајците. Особен вчепаток ми остави Шкафчето на Д**** Јан*** под чиво име беше напичано „EVIL WALKS”, колку само симболично за оваа мизерна власт.
Во таа просторија 10 души беа чувани од 5 полицајци кои им висеа над главите.
Секој од нас беше теран да минува низ бескрајни повторувачи процедури, на ки одново и одново требаше да го кажуваш името, презимето и датумот на раѓање, иако во претходните извикувања веке си им го дал, а и си се одзвал на тоа име за да те однесат на таа процедура.
Ноќта ја минавме на столчиња. Момците беа со страшен ведар дух, кој имам впечаток дега крајно иритираше некои од начелниците, кои штом ќе се појавеа во станицата доаѓаа со свои очи да ги видат „насилниците“. Некои од нив се обидуваа да даваат лекции, на што беа веднаш запирани. Не дозволивме да бидеме психички потиснати. Полицајците ја почнуваа проповедта како многу нивни колеги биле повредени, и како морале да интервенираат, и фала богу им се дозволило, за разлика од претходните шарени протести, иако понасилни, не им дозволувале ниту да мрднат.
За тоалетите имам два збора: “Midnight express”
Храно од нив не добивма, носеа блиските.
Утрото десетте „насилници“ беа префрлени во соба 3х3м во која имаше маса и 4 коклици приковани на патосот. прозорот беше на кант. седевме на смени. а дел на масата. Иако и влезната врата беше страшно загушливо.
кон средината на денот после молби, ни донесоа уште две столици, па така само двајца немаа место за седење.
Кога дојде новата смена кон 18ч пак дојде командир за да ги види „насилниците“ придрушен со свита од 4 полицајци.И почна со гласни и силни вербални обвиненија кон нас. По говотот лесно беше да се претпостави дека етнички е Shqiptar. Беше прдупреден на нарушување на начелото на презумпција на невиност и на психичка тортура. Имаше и други началници кои со поголемо внимание се обраќаа кон нас, во стилот на пријателски внимателен разгвор, но повторно внипателно во истиот правец.
Пуштени бевме на слобода во 23.00, половина час после максималнот законски рок. ( потоа забележав дека часот на лишување од слобода при внес во документацијата е 23.00 иако суштински тоа беше 22.30, видливо од мојот пост.
НЕМА ДА ВИ МИНЕ! ИЗРОДИ!
Линк од коментарот на Дарко. Клик на линкот за да го прочитате коментарот. https://www.facebook.com/darko.gjorgjiev/posts/10216536415465687?comment_id=10216536416425711&comment_tracking=%7B%22tn%22%3A%22R0%22%7D
Во првиот коментар на постот се наоаѓа ова сведоштво на Дарко.