Македонија 10. февруари 2020. / 19:13

Сведок: Судскиот совет го наполни Апелациониот суд со партиски миленичиња на СДС и ДУИ

Сведок: Судскиот совет го наполни Апелациониот суд со партиски миленичиња на СДС и ДУИ

По цела година политичко пазарење, Судскиот совет денеска го направи најскандалозниот избор за судии во Апелациониот суд во Скопје. Од шесте избрани судии, барем 5 не требаше да бидат избрани!, пишува Сведок.

На 9 февруари лани Советот распиша оглас за 6 судии, од кои, тројца за кривично, двајца за граѓанско одделение и еден за стопанско. Изборот беше неколку пати одложувам бидејќи крилото на Зоран Заев во СДС по секоја цена бараше струмичка судијка да дојде во Скопје, наспроти скопското, кое имаше друг фаворит за слободното местп во стопанскиот дел.

Па така, за судии во кривично избрани се: Лидија Зимбовска, Ѓоко Ристов и јусуф Ајрулаху, судии на скопска единица.

За да биде скандалот поголем, судски иако формираше листи на пријавени судии Македонци и друга листа со припадници на националности, не избра ниту еден кој беше на врвот на листата според покажани резултати од работата (и тоа редослед што го прави Комисија на Судски совет), туку исполнуваше желби, влечејќи ги кандидатите од дното на листите.

За трите места во кривично имало пријавени 28 судии. Избраната Лидија Зимбовска, сопруга на функционер во владејачката партија, која беше избрана денеска во скопска апелација беше на 10-то место на листата, многу далеку зад судии како од нејзиниот матичен суд, скопскиот кривичен, така и од другите судови од подрачјето на скопска апелација. Отпаднаа првите 9, за сите членови на Судски да кренат рачиња за Зимбовска, што јасно ја покажува партиската наредба. за овој кандидат. СВЕДОК пишуваше пред неколку месеци, објаснувајќи дека околу судијката имаше поврзано и едно убиство, по што таа го напушти Велес, и делеше и ќе дели кривична правда во скопје, сега во Апелациониот суд.

Целиот текст на Сведок можете да го прочитате ТУКА.